Во групата Б интересно ќе биде во Атина каде Олимпијакос нема право на грешка против Баерн  доколку сака да остане во игра за пласман во нокаут фазата.

Олимпијакос на табелата има  само еден бод, Баерн со две победи и шест бода е лидер на табелата, сака на ова гостување да остане непоразен. Ова е петта пресметка меѓу двете екипи, Олимпијакос никогаш го нема победено Баерн Минхен.

Тотенхем е апсолутен фаворит против Црвена Звезда во Лондон, за тимот од Англија победата е единствена опција, на тбелата екипата од Белград е на второто место со три бода, Тотенхем има само бод.

Инаку ова е трета пресметка меѓу двете екипи, немаат одиграно нерешено, имаат по една победа.

Група Б

Олимпијакос – Баерн Минхен

Тотенхем – Црвена Звезда

Табела

  1. Баерн Минхен 6
  2. Црвена Звезда 3
  3. Олимпијакос 1
  4. Тотенхем 1