Според Телеграф од Велика Британија кој се повикува на извори од УЕФА, втората сезона од Лигата на Нации ќе се одржи но со мали измени.

Календарот е пренатрупан, се уште не е сигурен и е во најва, но според предвиденото УЕФА планира да го зголеми бројот на мечеви во две недели.

Праксата досега беше два меча во период од 10 дена, сега најавите се дека ќе се играат 3 меча во период од 14 дена.

УЕФА за ова ќе дискутира на состанокот на Извршниот одбор закажан за 27 мај кога ќе се решаваат и други прашања, термините за полуфиналето и финалето од првата сезона во Лигата на Нации (Македонија во полуфиналето игра со Косово) , датумите за доигрување на сезоната во Лигата на шампионите и Европа лигата.

Македонија во втората сезона ќе игра во Ц-Лигата, противници се Ерменија, Грузија и Естонија.