Новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ) ќе донесе прв меѓусебен дуел по пауза од две години на некогаш лутите ривали Лионел Меси од една и Кристијано Роналдо од друга страна.

Меси со Барселона и Роналдо со Јувентус се во иста група во групната фаза од новото издание на ЛШ во друштво на аутсајдерите Динамо Киев и Ференцварош

Последен пат Роналдо, тогаш како член на Реал Мадрид и легендата на Барселона, Меси, истрчааа еден против друг на 6 мај 2018 година, во рамки на шпанската Ла Лига, во меч во кои и двајцата се запишаа во листата на стрелци за конечни 2-2.

Двете големи имиња на светскиот фудбал досега се имаат сретнато меѓусебе вкупно 35 пати, Меси има 16 победи, Роналдо шест помалку.