Француски фудбалски клуб Лион и официјално се засили со талентираниот дефанзивен фудбалер на Сампдорија, Јоаким Андерсен.

23-годишниот Андерсен во Лион доаѓа за сума од 24 милиони евра. Французите го потврдија трансферот на својата официјална интернет страница.

Покрај 24 милони евра, Сампдорија би можела да заработи дополнителни 6 милиони евра од бонуси.

Андерсен за Сампдорија одигра 42 натпревари откако пристигна во 2017-та година од холандски Твенте за 1,5 милиони евра.