Зделката се најавуваше со денови а оваа недела селекторот на Франција, Дидје Дешам откри дека Ферлан Менди ќе го облече дресот на „кралевите“.

Вечерва пристигна и официјална потврда од Реал Мадрид и Лион, левиот бек се сели на Бернабеу за 48 милиони евра плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Ферлан Менди ќе стави потпис на договор до 2025 година, и ќе биде четврто засилување за Зинедин Зидан ова лето по Едер Милитао, Лука Јовиќ и Еден Азар.