Откако не пристигна понуда која ги задоволува очекувањата на Лион, управата на овој клуб се подготвува повторно да ги започне преговорите за продолжување на договорот со Набил Фекир.

Францускиот интернационалец влегува во последната година од договорот со Лион а често се поврзува со трансфер во Ливерпул, Арсенал и со Милан.

Откако овие три клубови не испратиле понуда според планот на Лион, претседателот на клубот, Жан Мишел Аулас потврдил дека наскоро ќе започнат нови преговори со агентот на Фекир со цел да стават крај на сите шпекулации.

Фекир минатото лето беше пред трансфер во Ливерпул кој во последне момент беше откажан.