Лион е подготвен да го продаде својот суперталентиран играч за врска, 16-годишниот Рајан Черки.

За него е заинтересиран Реал Мадрид, кој сака младиот Француз да го донесе на „Сантјаго Бернабеу“.

Според известувањето на Don Balon, Лион истакна дека нема да го даде за помалку од 35 милиони евра.

Черки оваа сезона настапи на дури 12 средби на првиот тим на Лион во Лига 1 и забележа 3 гола и 2 асистенции.