По поразот од Сент-Ејен, францускиот гигант Лион го отпушти тренерот Силвињо, кој на почетокот на сезоната бележеше добри резултати. Поранешниот помошник на Роберто Манчини во Интер и селектот на олимписката репрезентација на Бразил доби отказ по поразот од 1-0 во дербито со локалниот ривал Сент-Етјен.

Наследник на бразилецот ќе биде Жерал Батикл. Ова е втора смена на клупата на Лион во само неколку месеци, откако во јуни годинава отказ доби Бруно Женесио, кој го овдеде Лион во Лигата на шампионите.

Лион по 9 кола се наоѓа на 14 место во Лига 1, додека во шампионската лига имаат 4 бода од два натпревари.