Претседателот на Лион, Жан Мишел демантираше дека Мемфис Депај ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок и ќе замине во Барселона.

Напаѓачот беше пред трансфер на „Камп Ноу“ ова лето но поради финансиките проблеми со кои се соочи Барселона, преселбата не беше реализирана.

Повредата на Ансу Фати и најавата дека нема да игра фудбал до март, предизвика многу шпекулации околу потезите кои Куман ќе ги повлече во следните два месеци.

Сепак во Лион се уверени дека Депај ќе игра за овој клуб и во февруари, односно трансфер може да има само во следниот летен преоден рок.