Капитенот на Барселона, Лионел Меси нема да го напушти „Камп Ноу“ ова лето и покрај најавите дека размислува за промена. Ова важи барем за ова трансфер лето до крајот на следната сезона.

Аргентинецот има договор со Барселона да ја напушти Барселона ова лето без трансфер оштета но морал ова да го потврди до крајот на мај, односно до вчера.

Откако ова не се случило, управата на Барселона сега има правна заштита односно може да смета на Меси најмалку до јуни 2021 година.

Меси се поврзуваше со трансфер во Интер и во Манчестер Сити, но очигледно и во следната година ќе го гледаме во Ла лига во дресот на Барселона.