Весникот „Ел Национал“ објавува дека Лионел Меси веќе донел одлука како ќе се одвива неговата фудбалска кариера до самиот крај. Според весникот Меси ќе го испочитува договорот до крај до 2023-та година, а тоа за него ќе биде последниот клуб во Европа.

Потоа Аргентинецот планира да замине во Мајами каде што веќе има и куќа, ќе игра неколку години во МЛС за Интер Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам, по што ќе стави крај на фудбалската кариера.

Но, Меси не планира сам да оди во САД, планира со себе да го земе и Луис Суарез и заедно да играат за Интер Мајами. Двајцата се многу добри пријатели.

Ваквиот план наводно е креиран уште кога заедно биле во Барселона. Идеата им била да останат во Барса заклучно со сезоната во која е Светското првенство во Катар, а потоа да заминат во Мајами со своите фамилии.

Во меѓувреме Суарез замина во Атлетико Мадрид, Меси во ПСЖ, но се верува дека планот за Мајами останува.