Капитенот на Барселона, Лионел Меси го прескокнал вчерашниот тренинг поради повреда, пренесуваат медиумите до Шпанија.

Ако биде потврдено дека Меси го повредил мускулот на ногата, тоа ќе значи дека напаѓачот нема да биде во составот на Барселона за дуелот со Мајорка, кој е прв на распоредот од најавениот рестарт во Ла лига.

Од Барселона демантираа дека Меси е повреден иако биле направени неколку испитувања и се чекаат резултатите.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Меси се очекува утре да се појави на тренинг до кога ќе бидат познати и резултатите од снимањата на неговата нога.