Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, игра на натпреварите, иако постојано чувствува болка во бедрото.

Меси игра бидејќи не сака дополнително да го ослаби нападот на Барселона, во кој ги нема повредените Луиз Суарез и Усман Дембеле.

Според информациите на ESPN, лекарите на Барселона не се премногу загрижени за оваа повреда на 32-годишниот Аргентинец, но им е јасно дека мораат да ја контролираат, но и да ги најдат причините.

Истиот извор тврди дека овие болки се појавија откако тренер е Кике Сетјен, кој направи многу промени во тренинзите на Барселона.

Меси е најдобар стрелец и асистент на Ла Лига, со 14 гола и 8 асистенции на 17 одиграни натпревари.