Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, има високо мислење за Кристијано Роналдо.

На прашањето дали Реал загуби со заминувањето на Роналдо, Меси одговори:

Реал загуби многу голови. Тоа беше очигледно, бидејќи Роналдо не само што постигнува многу голови туку и влијае врз екипата. Математиката е едноставна, им замина играч што дава по 50 голови во сезона. Реал има добри играчи, ама нема таков“.

На прашањето, пак, што мисли за сегашните игри на Кристијано Роналдо во Јувентус, Меси вели:

Тој го прави тоа што го знае добро. Тој е предатор и тој сака да постигнува голови. Како напаѓач има многу силни страни и тој постојано ја трансформира својата игра. Тој ќе продолжи да дава голови“.

Оваа сезона Португалецот постигна 20 гола на 20 средби во Серија „А“.