Аргентинецот Лионел Меси призна дека му недостасува ривалството со Кристијано Роналдо во шпанската Ла Лига.

Двајцата заедно имаат освоено девет „Златни топки“ од 2008 до 2017 година, а најголем дел од овој период Роналдо го помина во Реал.

„Сакав Роналдо да остане во Ла Лига со Реал. Реал е клуб кој има забетонирано место во историјата, кој може да се бори за секој трофеј, но кога играч како Кристијано ќе замине, тоа се забележува. Така би било и во секој клуб. Што се однедува во нашето ривалство за „Златна топка“ никогаш не размислував за тоа дека треба да имам повеќе награди од него.“ – вели Меси во интервју за радио RAC1.

Меси од почетокот на кариерата игра за Барселона, додека Португалецот минатото лето премина во Јувентус за 100 милиони евра.