Марчело Липи е е легенда меѓу тренерите во Италија, беше предводник на Јувентус, Интер, националниот тим на својата земја, признат стручњак.

Искусниот тренер кој сега има 71 година, во моментов е селектор на Кина, даде свое мислење за ситуацијата во калчо лигата, смета дека Јувентус е прв фаворит за титулата, потенцира дека само еден клуб кој  никогаш не испаднал во Серија Б може да го детронизира, тоа е Интер.

„Јувентус е сеуште непоразен тим во Италија, првенството е интересно, Интер во сериозна трка за титулата, сепак мислам дека Сари е во најдобра позиција, сметам дека најголеми шанси за титулата има „старата дама“, во проценти 60-70, освен Интер нема кој да застане на патот на актулениот шампион“ – изјави Липи.

Спред поранешниот тренер на Јувентус и Интер, Маурицио Сари има најдобар избор на играчи, одлично ги менаџира и затоа екипата е пред речиси извесна одбрана на титулата.