Познатиот италијански фудбалски стручњак, Марчело Липи, вели дека воопшто не му е јасно како уште се зборува за одржување на ЕУРО 2020 и на Олимписките игри во Токио.

Поради пандемијата на Коронавирусот тој вели дека двета големи спортски настани треба да се одложат за да им се даде предност на – националните првенства.

Тој, како и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина, но и многумина во Европа, е заговорник дека лигите на големата европска петорка треба да имаат предност пред ЕУРО.

Подобро да го играме Европското првенство следната година, отколку сега, по секоја цена и кој знае како. Ако за месец или месец иполовина се смири ситуацијата со Коронавирусот, националните првенства можат да продолжат и да завршат на регуларен начин“, вели Липи.