Трофејниот италијански фудбалски тренер Марчело Липи смета дека Андреа Пирло ќе биде успешен на клупата на Јувентус и би можел да има блескава тренерска кариера каква што има Зинедин Зидан.

„Пирло е токму како Зидан, по завршувањето на фудбалска кариера зеде тригодишна пауза за да размисли што сака понатаму да работи. Исто така, Пирло најголем дел од својата кариера играше за големи клубови (Интер, Милан, Јувентус)  и добро му е позната атмосферата и притисокот на кој се изложени тренерите во едни такви средини. Тоа што Пирло има 41 година, и по возраст е сличен со Буфон (42), Ромалдо (35) и капитенот Киелини (36) може да биде само плус, бидејќи полесно ќе комуницираат, речиси како колеги. Во слична ситуација беше и Зидан кога го презеде Реал Мадрид. Зидан во Реал не воведе никакви иновации на тренизите или во тактиката. Неговата појава ги смири играчите, а тој им додели улоги какви што најмногу им одговараат. На крајот освои се што можеше да се освои“, изјави Липи за магазинот „Спортвик“.