По најавите дека Јирген Клоп е заинтересиран да го донесе Лирој Сане во Ливерпул, напаѓачот на Манчестер Сити во изјава за „Билд“ одбил таква разврска.

Сане е решен да го напушти Манчестер Сити ова лето, и верува дека ќе издејствува Баерн Минхен да ја достави победничката понуда за тој да се врати во Бундес лигата.

Манчестер Сити и Баерн Минхен преговараат за трансферот на Сане повеќе од една година, „Граѓаните“ бараат 120 милиони евра, додека „Баварците“ нудат околу 80 милиони евра.

На крајот од летото трансфер сумата може да биде многу поразлична, па Сити да добие „само“ 60 милиони евра за Сане поради финансиската криза и влијанието по цените на играчите предизвиката од Ковид-19.