Викденов ќе биде сиромашно со фудбалски натпревари, голем број на фудбалски федерации ги прекинаа првенствата поради ситуацијата со Ковид-19, Премиерлигата денеска на состанок решава дали ќе има фудбал во Англија викендов.

Засега не се одложени првенствата во Англија, Шкотска, Германија, Турција, Грција и Русија. Фудбал во овие земји ќе има, но прашање е до кога.

Станува извесно дека во Англија ќе дојде до прекин, раководството на Премиерлигата денеска на итен состанок со клубовите ќе дискутира за календарот на натпревари.