ПСЖ ја подготвува првата понуда до Баерн Минхен за Тиаго Алкантара. Тухел верува дека со ангажманот на Шпанецот, неговиот тим ќе добие на креативност а Верати ќе има шанса за повремен одмор.

Тиаго Алкантара може да го напушти Баерн Минхен ова лето само за клуб кој ќе плати најмалку 30 милиони евра.

Ливерпул исто така е заинтересиран за репрезентативецот на Шпанија, но одбива да плати 30 милиони евра.

Ако не успее Клоп да го добие Алкантара, ова ќе биде втор трансфер удар ова лето откако Челси ја доби трката за Тимо Вернер.