Крилниот напаѓач на Лил, Николас Пепе има повеќе понуди на маса за тоа каде да ја продолжи кариерата, пренесува островски Мирор.

Интер е последниот клуб во низата заинтересирани за Пепе. Италијанскиот прволигаш понудил 60 милиони рвта но според француските медиуми подготвен е плати и 90 милиони евра со неколку бонуси.

Атлетико Мадрид, заедно со Арсенал и Манчестер Јунајтед исто така го посакуваат во своите редови крилниот напаѓач за кој прв интерес пројавил Ливерпул.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска нема потреба од брзање но извесно е дека ова лето ќе го напушти Лил.