Ливерпул е во завршни преговори со Наполи за Калиду Кулибали, Јунајтед и ПСЖ се откажаа од дефанзивецот на клубот од Неапол.

Цената на Кулибали изнесува околу 100 милиони евра, Јунајтед се откажа, ПСЖ повеќе нема интерес да го донесе Сенегалецот во своите редови.

Според „le10sport.com“, Ливерпул е подготвен да му испалти на Наполи 100 милиони за услугите на Кулибали штом започне трансфер периодот.

Кулибали е во Наполи од 2014 година, запиша 173 настапи за клубот од Неапол.