Англиските медиуми известуваат дека екипата на Ливерпул веќе го има договорено првото летно засилување и тоа во името на дефанзивецот на Лајпциг Ибрахима Конате.

Конате веќе ги минал лекарските прегледи и ставил потпис на 5-годишен договор.

Се очекува Конате да биде партнер на Ван Дајк во одбраната на Ливерпул во иднина.

Според англиските медиуми Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула за 21-годишниот Французин, која изнесува 35 милиони евра.

Интерес за Конате покажуваа уште Арсенал, Тотенхем и Барселона, но „црвените“ успеаа да ја победат конкуренцијата.