Според информациите на новинарот Џејмс Пирс, Ливерпул нема да го пушти играчот за врска Џердан Шаќири пред престојното лето, ниту ќе го даде на позајмица. Тимот на Јирген Клоп е пред освојување на титулата и на тој пат тој сака да го има целиот тим на располагање.

Но, Шаќири на крајот од сезоната сепак ќе го напушти Ливерпул и тоа за цена од 30 милиони евра.

Во зимскиот преоден рок за Шаќири беа заинтересирани Рома и Севиља, кои го бараа на позајмица, но и двете барања беа одбиени од раководството на Ливерпул