Напаѓачот на Ајакс, Квинси Промес, најверојатно во летниот преоден рок ќе ја смени бојата на дресот, пишува Daily Mail.

Според овој извор за него се сериозно заинтересирани англиските гиганти Ливерпул и Челзи. И двата клуба ги почнаа паралелните преговори со Ајакс, кој за својот 28-годишен напаѓач бара најмалку 40 милиони евра, што е многу повеќе од неговата пазарна вредност.

Оваа сезона Промес одигра 25 средби за Ајакс и има ефект од 15 гола и 5 асистенции. Претходно тој настапувал за Севиља и московски Спартак.

Специјализираниот Transfermarkt го цени на 22 милиони евра, а неговиот договор со Ајакс важи до 2024 година.