Европскиот фудбалски првак, Ливерпул вечерва на „Енфилд Роуд.“ ќе го пречека Норвич во воведниот натпревар од 1 коло во новата сезона во Премиер лигата.

Без посериозни засилувања и без повредениот Клајн, тренерот на „црвени“ Јирген Клоп најави дека посакува успешен влез во сезоната во која прва цел на клубот е освојување на Премиер лигата.

Последен пат кога овие два клуба се сретнаа во 2016 година, мечот заврши со девет голови и со победа на Ливерпул од 5:4.