Со секој нов ден нови информации поврзани за Тимо Вернер,  репрезентативецот на Германија и член на Лајпциг веќе се договорил со Ливерпул, клучен во преговрите бил Јирген Клоп.

Ливерпул нема дилема дали ќе го донесе Вернер, прашање есамо за колкава сума, кризата од корнавирусот го направи своето, Клоп бараше попуст и успеал да ги убеди раководните луѓе на Лајпциг.

Според Мирор, Ливерпул и Лајпциг имаат договор за Вернер кој со нетпрение очекува да се пресели во Англија по завршувањето на сезоната, сега е прашање за колку ќе ја спушти сумата клубот од Германија.

Лајпциг потврдил дека е подготвен да преговара за сума помала од 50 милиони фунти.

Клоп не се откажа од Тимо Вернер, лично учествувал во преговрите за играчот кој сезонава постигна 30 голови на 39 средби.