Харви Елиот е најновото засилување за екипата на Јирген Клоп. Најмладиот дебитант во историјата на Премиер лигата одлучи кариерата да ја продолжи на „Енфилд“ откако се прослави во дресот на Фулам и го привлече вниманието на повеќе гиганти.

Во трката за 16 годишниот Елиот беа и ПСЖ, Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити но европскиот првак успеа да го убеди младиог играч за ја прифати нивната понуда.

Елиот професионален договор со Ливерпул ќе потпише штом наполни 17 години.  Тој се очекува денеска да дебитира во црвенио дрес на контролниот меч против Наполи.