Ливерпул  пред една седмица со младински состав го елиминраше Милтон Кејнс од Лига купот на Англија. „Црвените закажаа меч во осминафиалето со Арсенал, но набрзо по натрпеварот ЕФЛ поткренале истрага, бидејќи за Ливерпул играл 22-годишниот Шпанец Педро Чиривела иако немал потребна дозвола.

Поточно, Чиривела не добил меѓународна дозвола за играње, откако се вратил од позајмица, но дошло до занемарување и Јирген Клоп го уфрлил во игра против МК Донс.

Истрагата на ЕФЛ е завршена, а Ливерпул сепак нема да биде исфрлен од Лига Купот. Имено, одлучено е Редсите да платат само парична казна и тоа во износ од 200.000 фунти.