Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, во најскоро време ќе стане фудбалер на Ливерпул.

Според информацијата на новинарот Николо Скира, преговорите се во завршна фаза, а Ливерпул е подготвен да ја плати откупнината во вредност од 58 милиони евра и да ја заврши зделката во април, бидејќи спомнатата сума е актуелна само да крајот на тој месец.

Вернер сезонава настапи на 22 средби во Бундеслигата и постигна 20 гола, а имаше и 6 асистенции.