Премиерлигашот Ливерпул според информации кои доаѓаат од Англија,  според весникот  „Сан“ „црвените“ сериозно ја разгледуваат опцијата да го доведат напаѓачот на Бордо, Франсоа Камано.

Комано има 23 години и може да игра на било која позиција во нападот, а тоа дефинитивно му се допаѓа на тренерот Јирген Клоп.

Камано минатата сезона ја заврши со 10 голови за Бордо во Лига 1. Репрезентативецот на Гвинеја би бил добра замена, за триото Сане -Салах -Фирмино.

Вредноста на Камано е околу 20 милиони фунти.