Ливерпул потврди дека нивниот спонзор на спортска опрема Њу Баланс покренал постапка пред судот со желба да докаже дека има право да ја изедначи понудата на Најк кои сакаат идната година да ги спонзорираат „Црвените“.

Преговорите меѓу клубот и Најк траат веќе некое време, а се шпекулира дека доколку до договор, Ливерпул ќе има еден од најсилните спонзорски договори во Европа.

Меѓутоа компанијата Њу Баланс нема намера да мирува, па извесно е дека целата приказна ќе се решава на судски процес.

Договорот кој Ливерпул го има со сегашниот спонзот истекува на крајот на сезоната. Неговата вредност е 45 милиони фунти годишно, а наводно Најк има понуда од 70 милиони годишно и договор на 10 години.

Од Њу Баланс тврдат дека постои клаузула која им овозможува да дадт иста понуда како новиот потенцијален спонзор и дека во тој случај тие ќе имаат предност во склучување на договорот со клубот.

„Како долгогодишни, посветени спонзори имаме желба да ја продолжиме соработката со Ливерпул и да го обновиме договорот во 2020 година. Во актуелниот договор имаме клаузула која ни дава за право да ја изедначиме понудата на Најк. За време на процесот на обновување на договоро, Ливерпул ги доведе во прашање некои делови од истиот и бараме судот да ја разреши таа ситуација. И ние и клубот имаме желба што поскоро спорот да биде решен и се согласуваме за забрзана судска постапка.“ – се наведува во соопштението на компанијата од Бостон.