Повредата на Вирџил Ван Дајк остави „дупка“ во дефанзивата на Ливерпул и англискиот шампион веќе најде замена за која ќе мора да издвои астрономска сума.

Според италијанските медиуми, Ливерпул е во преговори со Наполи за услугите на Калиду Кулибали, кој би требало во зимскиот преоден рок да се пресели на Енфилд

Челси и Манчестер јунајтед изминатиот период, исто така, беа заинтересирани за Кулибали и нудеа околу 70 милиони евра, но, калчолигашот не попушти во барањето да се ослободи од својот дефанзивец за сума не помала од 90 милиони евра.