Екипата на Јирген Клоп игра феноменална сезона. По 25 кола има неверојатни 24 победи и само еден нерешен резултат.

Многумина тврдат дека Ливерпул оваа сезона ќе го повтори подвигот на Арсенал од сезона 2003/4 и ќе ја заврши сезоната без пораз.

Но, Ливерпул не е осамен случај на непоразена екипа во европските првенства, бидејќи уште пет екипи во своите првенства не ја почувствуваа горчината на поразот.

 

Лудогорец (Бугарија) – по 20 кола има 14-6-0

Салцбург (Австрија) – по 18 кола има 13-5-0

Олимпијакос (Грција) – по 23 кола има 17-6-0

Славија Прага (Чешка) – по 20 кола има 17-3-0

Шахтер Донецк (Украина) – по 18 кола има 16-2-0