Ливерпул е победник во Лигата на шмапионите минатата сезона, ќе го брани овој престижен трофеј, сепак според активноста на трансфер пазарот ќе биде тешко да го повтори овој резултат.

Англиската екипа има многу пари но не сака да се расфрла на трасфер пазарот, Јирген Клоп смета дека е лесно со многу пари да се купат играчи, но во клубот не сакаат такава „политика“ на берзата.

„Не е лесно со разумни цифри да се засилите, со неразумни се е можно, но ние не сме таков клуб. Богати сме како клуб но не сме како другите. Не мора да купуваме нови играчи, ќе бараме решенија во текот на сезоната. На трансфер пазарот сме активни но и внимателни, ние решението го бараме на тренинзите и тоа е она што го правиме“ – изјави Клоп.