Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп се соочува со огромни проблеми во дефанзивната линија, откако по повредите на Вирџил ван Дајк и Фабињо, остана и без услугите на Трент Александер – Арнолд и Џо Гомес.

Десниот бек на „црвените“ на дербито против Манчестер сити (1:1) го повредил листот на ногата и според првичните предвидувањана медицинскиот тим, ќе биде надвор од теренот најмалку еден месец.

Од друга страна, пак, лоши вести за Клоп денеска стигнаа од таборот на „Гордиот албион“, откако стоперот Гомез тешко се повреди, си според, најавите нема да биде во составот на „ црвените“ до крајот на годината.