Ливерпул извесно време ќе мора да се снаоѓа без својот капитен Џордан Хендерсон.

Имено, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја потврди информацијата дека Хендерсон се повреди на средбата од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико (0:1).

Хендерсон сам ја побара замената во 80. минута, поради болка во коленото.

Можело да биде и полошо, тој ја повреди тетивата од коленото. Не е така лошо како со Кејн, но ќе биде надвор од игра во следните три недели, за што можеме да кажеме дека сепак имавме среќа“, рече Клоп.