Европскиот фудбалски шампион Ливерпул продолжи со одличните настапи во англиската Премиер лига и во рамки на второто коло ја забележа втората победа откако беше совладан Саутемптон, на „Сент Мери“ со 1-2.

Творци на триумфот на овој меч беа Садио Мане и Роберто Фирмино. Првиот постигна ефектен гол, пред финишот на првиот дел, за потоа во 71. минута погоди и Фирмино, по асистенција на Мане, за потврда на победата. Почесникот гол за домашните го даде Ингс во 83. минута.

На останатите средби во Премиер лигата од 16 часот Норич го совлада Њукасл со 3-1, Борнмут победи на гости кај  Астон Вила со 1-2,  додека Евертон минимално победи против Вотфорд со 1-0. Мечот Брајтон – Вест Хем заврши без победник 1-1.

Вечерва од 18,30 минути ќе се одигра последниот меч за од денешната програма помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем.