Младиот холандски дефанзивец Сеп Ван Дер Берг, член на екипата на Цволе, е пред потпис со англиски Ливерпул, јавуваат медиумите од островото.

17-годишниот Ван Дер Берг е желба на повеќе европски клубови меѓу кои е и Баерн Минхен, но според информациите, тој се одлучил да го облече дресот на „црвените“ од Мерсисајд.

Јирген Клоп во него гледа играч кој ќе се развива за во иднина, а Ван Дер Берг ќе биде дури третиот холандски интернационалец во редовите на Ливерпул, по Вирџил Ван Дајк и Ки-Јана Хевер.

Според информациите, трансферот се очекува да се официјализира во наредните 72 часа.