Фудбалерите на Ливерпул вечерва на домашен терен ќе истрчаат против Челси со желба за трета победа во низа против тимот од Лондон.

По триумфот над Шефилд Јунајтед во минатото коло, Клоп посочи дека време е шампионот да влезе во ритам и да направи подолга победничка серија.

Челси пак кој е непоразен по доаѓањето на Тухел на менаџерското столче посакува победа и приближување кон третото место на табелата по вчерашните киксови на Лестер и на Манчестер Јунајтед.

На минатото овосезонско соочување во Лондон, Ливерпул го совлада Челси со 2:0 со головите на Мане.