Англискиот првак Ливерпул својот последен натпревар од групната фаза во Лигата на шампиони против Митјиланд наместо во Данска ќе го игра на неутрален терен во Дортмунд.

До ова доаѓа поради правилото за 14-дневен карантин во Велика Британија  за сите што се враќаат во земјата од Данска.

УЕФА сè уште ја нема потврдено промената, но бундеслигашпт Борусија веќе објави на својот сајт дека ќе биде домаќин на мечот Митјиланд – Ливерпул.