Јирген Клоп одлучил дека нема потреба да потроши не едно евро повеќе од 35 милиони евра за Тимо Вернер.

Поради ова Ливерпул се повлекува од трката за потписот на 24 годишниот напаѓач кој има откупна клаузула од 60 милиони евра. Клоп смета дека играчот во моментов не вреди толку пари и ќе се насочи кон останатите трансфер цели, пренесува Мирор.

За Вернер има интерес од повеќе клубови но фаворити остануваат Интер и Јувенутс. Вернер оваа сезона постигна 30 голови на 39 натпревари за Лајпциг.