Според  Газета Дело Спорт, Ливерпул се уште е без понуда за Тимо Вернер, тоа го става Интер во повластена позиција да ги започне преговорите со Германецот откако го продаде Икарди и има капитал за голем трансфер.

Јирген Клоп прави големи напори да го донесе Вернер во Ливерпул, но кризата од коронавирусот донесе сериозни финансиски проблеми за голем дел од клубовите во Англија.

Интер има свеж капитал од продажбата на Икарди и можно е да го искористи за еден играч, Вернер да дојде во редовите на клубот од Милано, тврди Газета Дело Спорт.