Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, е се поблиску до Ливерпул. Според информацијата на новинарот на La Gazzetta dello Sport, Николо Скира, Ливерпул на германскиот фудбалер му понуди договор до 2025 година, со годишна плата од 8 милиони евра, плус бонуси.

Продолжуваат и преговорите меѓу двата клуба кај кои постои начелна согласност за договор.

Истиот извор информира и дека Ливерпул е подготвен да ја плати откупната клаузула на Вернер, во износ од 58 милиони евра и тоа најкасно до април, бидејќи после тоа цената е драстично повисока.

Оваа сезона Тимо Вернер одигра 23 натпревари во Бундеслигата и постигна дури 21 гол, при 7 асистенции.