Неверојатниот успех на Ливерпул во тековната сезона му помогна на клубот да стекне и финансиска моќ, која ја имаат само најголемите светски фудбалски брендови.

Како што порано рече оперативниот директор на Ливерпул, финансиската моќ на клубот се зголеми и му овозможува инвестира значителни средства во своите сегашни играчи, но и во засилувањата што ќе дојдат.

Според пишувањето на Daily Mirror, Ливерпул има намера да го направи Вирџил ван Дајк најскапоплатен дефанзивец на светот. Ван Дајк дојде во Ливерпул во 2018 година за сума од 75 милиони евра, тогаш рекордна за еден дефанзивец.

Daily Mirror тврди дека ван Дајк ова лето ќе потпише нов договор со Ливерпул, со кој ќе стане дефанзивец со највисока плата на светот.

Специјализираниот портал Transfermarkt го цени Вирџил ван Дајк 100 милиони евра.