Ливерпул продолжува со фантастичните игри во Премиер лигата. Вчера, во рамките на 27 коло ја совлада екипата на Вест Хем, со резултат 3:2 (1:1).

Со оваа победа Ливерпул повтори два рекорди на Премиер лигата.

Победата над Вест Хем е 21-а едноподруго домашна победа во рамките на Премиер лигата. Ливерпул го повтори рекордот на лигата, кој го држи самиот, а првпат го оствари во периодот од јануари до декември 1972 година кога екипата ја водел Бил Шенкли.

Победата против Вест Хем е 18-та едноподруго победа во тековната сезона, со што Ливерпул го повтори рекордот на Манчестер Сити од 2017 година.

Со оваа победа Ливерпул ја продолжи серијата без пораз на 44 средби и од рекордот на Арсенал ја делат уште пет средби.

Ливерпул е на само четири победи од освојувањето на првенството.