Управата на Ливепрул подготвила 110 милиони евра за ангажман на двајцата најдобри фудбалери на Вулверхемптон во оваа сезона.

Станува збор за плејмејкерот Рубен Невес и крилниот напаѓач Адама Траоре. Јирген Клоп во Траоре гледа играч кој ќе може во целост да ги замени Мане или Салах и со тоа можноста за ротација ќе се зголеми.

Невес пак треба да биде замена за Вајналдум кој не е задоволен од третманот на „Енфилд“ и ова лето сака да го напушти Ливерпул.

Непознато е само дали Вулверхемптон ќе ги прифати 110 милиони евра од Ливерпул за двајцата играчи кои пред пандемијата со Ковид-19 заедно вредеа 160 милиони евра.