Тиаго Алкантара најверојатно ќе го напушти Баерн Минхен ова лето откако се презаситил од тоа што го нуди Бундес лигата и сака нов предизвик во кариерата.

„Сеуште не сме имале контакт со Ливерпул. Но ако Тиаго сака да замине таму ќе треба да преговараме. Во моментов преговараме со него, но се чини дека тој сака нов предизвик. Ни не сакаме да го изгубиме без да заработиме следното лето, тоа е факт.“ – изјави претседателот на Баерн Минхен, Румениге.

Поранешниот плејмејкер на Барселона е трансфер цел на повеќче тимови од Европа, но опцијата да игра во Ливерпул неофицијално најмногу го привлекува.

Ова значи дека Клоп би добил одлично засилување во редот за врска па најавеното заминување на Вајналдум нема да се почуствува.