Макси Лопес повеќе не лут на Мауро Икарди кој му ја  „украде“ сопругата Ванда додека играше за Сампдорија.

Двајцата Аргентинци долго беа во кавга околу Ванда Нара која е актуелна сопруга на Икарди и менаџер на напаѓачот на ПСЖ.

„Избрав да бидам среќен, мојата врска со Ванда не успеа, таков е животот, продолжувам понатаму со многу енергија“ изјави за Клуб 947 Лопес.

Лопес се врати во Италија и сега е играч на Кротоне кој настапува во „Серија Б“